Веднаш биле повикани стручни екипи од музеите во Струга и Охрид за да се утврди за каква градба станува збор.
Според директорката на Завод и музеј- Охрид ,Тања Паскали, станува збор за ѕид од стара градба и најави дека екипи од Заводот за заштита на културно наследство деновиве ќе извршат дополнителни испитувања со цел да се утврди дали тоа е старата црква Пресвета Богородица за која се претпоставува дека некогаш тука постоела.
Според директорот на Градскиот музеј во Струга, Сашко Цветковски, старите темели се доказ дека тука навистина постоела црква, како што претходно, години наназад, тврдеа голем број стружани.