Четвртиот натпреварувачки ден на Ракометниот турнир во Струга ќе даде финална разврска во групната фаза и конечен изглед на табелите.

Мечевите стартуваат во 17:15 часот со дуелот Охрид – Еурофарм Пелистер 2, потоа следува средбата помеѓу Струга – Еурофарм Пелистер 19:15ч), додека завршува со пресметката помеѓу Бутел Скопје – Вардар.

На охриѓани им треба победа за осигување на втората позиција на табелата и разигрување за третото место, а, битолчани сигурно нема излезат на мегдан со бело знаме на отвореното игралиште „Горан Попоски-Бабец“.

Двојки:

17:15 часот: Охрид – Еурофарм Пелистер 2

19:15 часот: Струга – Еурофарм Пелистер

21:15 часот: Бутел Скопје – Вардар

OhridNews