Ракометарите на Вардар стигнаа до втората победа на турнирот во Струга. Скопските „црвено црни“ лесно и рутински славеа во дуелот со тимот на Еурофарм Пелистер 2 со 33-19.

Комбинираниот тим на Стевче Алушовски започна агресивно и 3-0 резултатски го отвори натпреварот. „Вардарци“ продолжија со исто темпо и на одмор обезбедија солидна предност. Во продолжението шанса добија и останатите ракометари во Вардар, а одморија неколку стандардни првотимци во пресрет завршницата од турнирот во Струга.

Во последната рунда од групната фаза Вардар ќе се сретне со Бутел Скопје, додека младите битолчани ќе се судрат со Охрид.

OhridNews