Екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се борат за трофејот во финалето од 48-то издание на струшкиот ракометен турнир.
Скопските „црвено црни“ и битолските „зелено бели“ фазата по групи ја завршија со три победи во исто толку натпревари и без проблеми ја осигураа првата позиција која е билет за влез во финалето.
Вардар славеше во средбата со Бутел Скопје, додека Еурофарм Пелистер го совлада тимот на Струга.
Програмата во финалниот ден започнува утре во 10 часот со дуелот за седмата позиција помеѓу Еурофарм Пелистер 2 – Струга, во 17:15 часот во Прилеп – Бутел Скопје ќе се борат за поцијата број пет, Охрид – Металург во малото финале за бронзата, а, шлагот на тортата е финалето Вардар – Еурофарм Пелистер.
OhridNews