Започна финалното одбројување до почетокот на 48-то издание на Ракометниот турнир во Струга. Организаторите завршуваат со подготовките, а и екипите исто така, кои овој пат имаа далеку поголеми обврски и задачи од претходно.
Осумте македонски екипи учеснички на турнирот мора да се тестираат на вирусот ковид -19 пред почетокот на турнирот. Без тестови нема да биде дозволено учество.
Од строгите мерки и протоколи за издвојување е забраната за користење на соблекувалните и дезинфицирање на теренот после секој натпревар. Олеснување за организаторите е играњето на отворено игралишите „Горан Попоски-Бабец“ и одлуката на дел од клубовите да патуваат во Струга за играње на мечеви, без спиење во сместувачките капацитети.
Македонската радио и телевизија најави по два преноси дневно од турнирот. Најавен е пренос во живо од сите натпревари од организаторот преку социјалните мрежи бидејќи публика нема да има на трибините.
Турнирот стартува на 12 август. Ракометниот клуб Охрид е во групата со Бутел Скопје, двократниот првак Вардар и Еурофарм Пелистер 2.
OhridNews