Ракометарите на Охрид, според планот, со триумф над вториот тим на Еурофарм Пелистер 26-22 (14-13) ги завршија мечевите по групи и обезбедија натпревар за медал на турнирот во Струга.

„Гладијаторите“ ќе завршат на втората позиција на табелата и ќе разигруваат за бронзениот медал со составот на Металург во финалната разврска.

Избраниците на Раде Стојановиќ ја имаа контролата врз играта и резултатот, иако, младите битолчани жилаво се бореа и стигнуваа до егал во неколку наврати. Во последните десеттина минути „гладијаторите“ ја „стегнаа“ играта во одбрана и лесни голови се одлепија на пет погодоци. До крајот, „фармацевтите“ намали само за еден погодок за конечни 26-22.

Маестрален меч за Охрид одигра Наум Костов кој постигна осум погодоци. На шест застана Филип Николов, а, четири реализираше Николче Ристески. Кај битолчани најефикасен беа Талески и Арсеновски со по четири погодоци.

Малото финале се игра утре во 19:15 часот.

OhridNews