Организаторите на струшкиот ракометен турнир направија промени во сатниците, а распоредот останува истиот од претходно.

Првиот натпревар на програмата ќе биде 17:15 часот, а не од 17:30 како што беше планирано. Вториот меч ќе се игра во 19:15 часот, додека последниот ќе започне во 21:15 часот.

Возбудувањата на Ракометниот турнир во Струга почнува утре (12 август), а ќе трае до 16 август. Годинава дел од турнирот ќе биде и охридскиот ракометне клуб. „Гладијаторите“ во групата се најдоа со Бутел Скопје, Вардар и Еурофарм Пелистер 2.

Охриѓани натпреварите во Струга ги стартуваат утре против Бутел. Мечот се игра во 19:15 часот. Потоа следуваат средбите со Вардар (13 август) и Еурофарм Пелистер 2 (15 август).

OhridNews