Екипата на Прилеп со триумф ги отвори натпреварите на 48-то издание од струшкиот ракометен турнир совладувајќи го домаќинот со 32-28 (17-14).

Прилепчани предводени од Горан Кузманоски на клупата одиграа добар и квалитетен натпревари и заслужено ги запишаа првите бодови на табелата.

„Црно жолтите“ од почетокот од крајот на натпреварот го контролираа резултатот. Стружани единствено се заканаа после десеттата минута кога успеаја да се вратат од негатива од четири погодоци (6-6). Прилеп за кратко време ја врати предноста и на одмор заминаа со три погодоци плус (17-14).

Второто полувреме помина во знакот на Прилеп. Гостите на стартот со неколку мини серии се одлепија на шест разлика и ја отпишаа Струга од било каков позитивен резултат. Во продолжението двајцата тренери ротираа во составот и шанса добија сите ракометари од ростерот.

Прилеп во втората рунда силите ќе ги одмери со Металург, додека Струга ќе се сретне со Металург во третата рунда од турнирот.

Денешната програма продолжува со свеченото отворање, дуелот Бутел Скопје – Охрид и дербито Металург – Еурофарм Пелистер.

OhridNews