Еурофарм Пелистер запиша нови три бодови на табелата во групната фаза од струшкиот ракометен турнир, совладувајќи ја екипата на Прилеп со високи (38-17).

„Пелистерци“ допатуваа со највисоки амбиции на турнирот и за сега во целост ги исполнуваат. После составот на Металург, оружјето пред битолчани го положи и Прилеп.

Избраниците на Жељко Бабиќ од самиот старт наметнаа високо темпо кое Прилеп не можеше да го издржи. Разликата не се зголемуваше брзо, но сигурно за 18-12 на полувреме.

Во второто полувреме, „зелено белите“ уфрлија брзина погоре и немилосрдна ја полнеа мрежата на прилепчани. После истекот на 60-та минута на семафорот стоеше 38-17 во корист на битолчани.

Еурофарм Пелистер со овој триумф ја осигура првата позиција на табелата и финале во кое (сигурно) ќе се сретнат со Вардар. Прилеп финишираше трет на табелата и во финалниот ден ќе разигрува за петтата позиција на турнирот.

OhridNews