Организаторите на струшкиот ракометен турнир го објавија комплетниот распоред на натпревари. 48-то издание на турнирот во Струга ќе се одржи од 12 до 16 август на отвореното игралиште „Горан Попоски-Бабец“.
Ракометниот клуб Охрид натпреварите во фазата по групи ќе ги започне со познатиот ривал Бутел Скопје. Во втората рунда „гладијаторите“ ги очекува средба со двократниот европски Вардар, а на крај ќе се судрат со младиот состав Еурофарм Пелистер 2. Помеѓу мечевите со Вардар и Еурофарм Пелистер 2, охриѓани ќе имаат ден пауза.
Во поновата историја Охрид ќе го запише второто учество на турнирот во Струга. Во првото во 2017 година Охрид заврши на четвртата позиција.
OhridNews