Ракометарите на Охрид и целокупниот тим, можат комплетно да се фокусираат на настапот на струшкиот ракометен турнир откако добија негативни тестови на вирусот ковид -19.

„Гладијаторите“ натпреварите на 48-то издание од турнирот ги стартуваат вечерва против Бутел Скопје со почеток во 19:15 часот. Мечот ќе биде емитуван во живо на МТВ 3, а публика не е дозволена на трибините.

Покрај Бутел Скопје, ривали на Охрид се екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер 2.

OhridNews

Стартува 48-то издание на Ракометниот турнир во Струга