Составот на Металург ја забележа втората победа во фазата по групи на турнирот во Струга откако во првиот натпревар од денешната програма го совлада домаќинот 35-24, полувреме (18-12).
Со триумфот, „металурзите“ ја осигураа втората позиција на табелата и најмалку ќе разигруваат за третата позиција на турнирот. Ако сe` се одвива според планот и екипите фаворити победуваат во малото финале ќе се сретнат Охрид и Металург.
Што се однесува до мечот, Металург уште на стартот го скрши отпорот на домаќините и го реши победникот. Избраниците на Зоран Кастратовиќ на одмор заминаа со плус шест (18-12). Во продолжението разликата се зголеми и на крајот изнесуваше девет голови 35-24.
Во вториот натпревар од денешната програма ќе се сретнат екипите на Еурофарм Пелистер – Прилеп, а во третиот силите ќе ги одмерат Бутел Скопје – Вардар.
OhridNews