Битолскиот Еурофарм Пелистер направи голем чекор кон првата позиција и пласман во финалето на струшкиот ракометен клуб победувајќи го Металург 24-22 во дербито од групната фаза.
„Фармацевтите“ беа подобар противник во текот на целиот натпревар, додека Металург имаше повремени блесоци, кои сепак не беа доволни за позитивен резултат.
„Зелено белите“ мечот го отворија со серија голови и добра игра во одбрана. Таквиот развој им донесе предност уште на стартот. Металург се консолодираше и со повремени блесоци се враќаше до егал или еден негатива. Еурофарм Пелистер не дозволи комплетен кам бек и го задржа водството до крајот на полувремето (15-12).
Во вториот дел сликата не се промени. Еурофарм Пелистер ја чуваше предноста и покрај нападите од Металург. Во финишот Металург дојде до минус еден (21-20), но битолчани со сигурен финиш стигнаа до победата и ги зграшчија бодовите.
Во преостанатите два натпревари Охрид со тесни 25-24 славеше проти Бутел Скопје, а, Прилеп во премиерата на турнирот го совлада домаќинот Струга со 32-28.
OhridNews