Фаворитите за висок пласман на струшкиот ракометен турнир ќе бидат на испит во третиот натпреварувачки ден.

Програмата со три мечеви ќе ја отворат Струга и Металург во 17:15 часот, вториот термин е резервиран за Еурофарм Пелистер – Прилеп, додека Вардар во 21:15 часот ќе ги одмери силите со Бутел Скопје.

Вториот и третиот натпревар, љубителите на ракометот можат да го проследат во живо на МТВ 3.

Двојки:

17:15 часот: Струга – Металург

19:15 часот: Еурофарм Пелистер – Прилеп

21:15 часот: Вардар – Бутел Скопје

OhridNews