Составот на Бутел Скопје ја забележа првата победа на турнирот во Струга, совладувајќи го тимот на Еурофарм Пелистер со 21-17 во првиот меч од денешната програма.

„Црните“ на отвореното игралиште „Горан Попоски-Бабец“ ја оправдаа фаворитската улога и ги залечија раните од вчерашниот пораз од Охрид.

Младите „фармацевти“ и покрај поразот пружија солиден отпор и покажаа дека се добар и сериозен проект, кој допрва ќе расте и бележи сериозни резултати.

Бутел Скопје од почетокот до крајот имаше предност од 2-3 погодоци. Во финишот кога се ротираше во составот, битолчани стигнаа до минус еден, но Бутел Скопје не дозволи сензација и ги запиша првите бодови.

Возбудувањата во вториот натпреварувачки ден продолжуваат со дуелот Металург – Прилеп, а ќе заврши со средбата Вардар – Охрид (21:15ч).

OhridNews