Годинешното 48. издание на струшкиот ракометен турнир ќе биде одржано под посебни мерки и протоколи и услови во време на пандемија од вирусот ковид -19. На турнирот ќе учествуваат исклучиво македонски екипи, а странските ќе почекаат најмалку една година повторно да ја почувствуваат магијата на отвореното игралиште „Горан Попоски-Бабец“.

Организаторите направија се да обезбедат барем ограничен број на гледачи, но не успеаја. На трибините ќе нема публика која е незаменлив декор на струшкиот турнир. Да не останат љубителите на ракометот сиромашни за мечевите од турнирот во Струга се погрижи спортскиот канал МТВ 3 кој ќе пренесува дел од натпреварите. Имено, МТВ 3 ќе ги пренесува натпреварите во вториот (19:30 часот) и третиот термин (21 часот).

Турнирот стартува во вторник на 12 август, а ќе трае до 16 август за кога се закажани финалните натпревари. Организаторите објавувајќи распоред и термини за натпревари ги финализираат сите детали и се чека 12 август за официјален почеток на најстариот турнир во Македонија.

OhridNews