Екипата домаќин на Меѓународниот ракометен турнир Струга и грчкиот АЕК Атина со победи го отворија 47-то издание на еден од најстарите ракометни собири на отворено на Балканот.  Стружани во првиот натпревар од турнирот со 25-20 победија против Пролетер Зрењанин, додека АЕК Атина со 25-21 славеше против Бутел Скопје.

Избраниците на Илија Темелковски во текот на целиот натпревар го контролираа резултат и на голема радост од публиката на теренот на „Женска Плажа“ извојуваа победа која им ги отвора вратите за борба за висок пласман на турнирот.

Грчкиот АЕК дури во финишот го скрши отпорот на Бутел Скопје, кој ќе ја претставува нашата земја во Купот на ЕФХ и славеше во дербито во групата.

Во вториот ден од струшкиот турнир на програмата се два натпревари. Во првиот силите ќе ги одмерат Еурофарм Работник – Пролетер Зрењанин а во вториот ќе се сретнат шведскиот состав Ескилстуна и АЕК Атина.

OhridNews