Ракометарите на Еурофарм Работник со триумф ги започнаа натпреварите на Меѓународниот ракометен турнир Струга 2019. Во првиот меч од денешната програмата „фармацевтите“ со 35-22 (17-11) го совладаа тимот на Пролетер Зрењанин.

Македонскиот вицешампион маестралн го отвори натпреварот и веднаш стигна до предност од четири погодоци 6-2. Разликата на семафорот варираше од три до шест погодоци, а избраниците на Стефче Алушовски на одмор заминаа со плус пет 17-11.

На стартот од вториот дел ракометарите на Пролетер Зрењанин се заканаа, но „фармацевтите“ ја стабилизираа играта и не дозволија губење на предноста. Во финишот од мечот Еурофарм Работник не само што ја врати предноста туку стигна до убедлив триумф (35-22).

Во листата на стрелци кај Еурофарм Работник се истакнаа Ловро Јотиќ со 8 голови и Милан Ѓукиќ кој реализираше еден помалку. Во поразениот состав најефикасни со по пет постигна погодоци беа Ненад Тодоров и Момир Рнчиќ.

Во вториот меч од денешната програмата силите ќе ги одмерат шведскиот Ескилстуна и АЕК, додека Еурофарм Работник во втората рунда од турнирот ќе се сретне со домаќинот Струга.

OhridNews