Од 14 до 17 август на теренот „Женска плажа“ во Струга ќе се одржи 47-то издание на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2019“.

На турнирот ќе учествуваат македонските екипи Еурофарм Работник, Бутел Скопје и домаќинот Струга, додека од страна доаѓаат АЕК Атина, шведскиот состав Ескилстуна и Пролетере од Зрењанин.

Шесте екипи се поделени се во две групи. Најдобрите две во групите ќе играат за златниот медал во финалето, второпласираните ќе разигруваат за бронзениот медал а третопласираните за петтата позиција.

 

Групите

Група 1 Еурофарм Работник, Струга, Пролетер Зрењанин

Група 2 Ескилстуна, АЕК Атина, Бутел Скопје

Распоред:

14 август (среда)

18:30ч Струга – Пролетер Зрењанин

20ч Свечено отварање

21ч АЕК Атина – Бутел Скопје

15 август (четврток)

18:30ч Еурофарм Работник – Пролетер Зрењанин

21ч Ескилстуна – АЕК Атина

16 август (петок)

18:30ч Ескилстуна – Бутел Скопје

20:30ч Ревијален натпревар

21:30ч Еурофарм Работник – Струга

17 август (сабота)

17:45ч Меч за петто место

19:30ч Меч за трето место

21:15ч Финале

OhridNews