Според првичните, непотврдени информации станува збор за тројца повозрасни мажи, видни граѓани на Струга со иницијали Ј. Д., К. Ѓ., Ј. K.
Од СВР- Охрид сеуште не излегуваат со официјални податоци, освен дека во текот на денот до нивните служби не биле пријавени случаи на исчезнати лица.
Во текот на вечерта ќе биде извршена обдукција на телата со цел да се утврди причината за смртта на тројцата стружани. Неофицијално, на телата не се забележани траги на насилство и се претпоставува дека смртта настапила како последица од струен удар. Понатамошната истрага треба да утврди дали оваа првична вест е точна.
Во близина на местото каде беа пронајдени телата, се наоѓаат бројни полициски и медицински екипи, како и голем број граѓани на Струга кои со неверување ја примија непријатната вест.
Во тек е увидот кој го вршат екипи на полицијата, истражен судија и јавен обвинител.