Министерството за транспорт и врски на Република Македонија организира стручно советување во однос на Законот за градежно земјиште, Законот за градење и Законот за третман на бесправно изградени градби. Советувањето ќе се одржи на 26 и 27 август во  Хотел “Дрим” во Струга.
 
Имајќи го во предвид значењето и влијанието на наведените закони, потребата од целосна примена на новите законски одредби,  заинтересираноста на граѓаните и инволвираноста на големиот број на компании во сферата на градежништвото, на  стручно советување ќе учествуваат претставници на ресорните министерства и органи на државната управа, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, членките на Стопанските комори во Република Македонија, научни, стручни и јавни работници од предметната област.  

Ohridnews