Стручниот совет на МКФ едногласно го прифати предлогот Марјан Лазовски да биде поставен за селектор на машката сениорска репрезентација.
Од таму напомнеаа дека се рабои за тренер кој ја има комплетната поддршка и доверба од репрезентативците, комплетниот стручен штаб и управните лица на МКФ, а кој е логично решение за таа позиција со оглед на квалитетот, искуството и континуитетот во работата со репрезентацијата, предлогот од Стручниот совет ќе биде презентиран пред членовите на Управниот Одбор кои ќе го дадат конечниот одговор.
Марјан Лазовски во последниве 5 години беше прв асистент во сениорската селекција на Јовица Арсиќ и Марин Докузовски и учествуваше во креирањето на двата најдобри резултати на нашата кошарка, освојувањето на 9-то место на ЕП во Полска и 4-то на последната европска смотра во Литванија.
Лазовски инаку е освојувач на Купот на Македонија со екипите на Вардар Осигурување и Амак СП, а со Вардар Осигурување два пати настапуваше и во финалето на плеј-офот во нашата лига. Бил тренер и на МЗТ Скопје, Пелистер и Торус, а во моментов го предводи КК Работнички.
Кошаркарите на Охрид утре во рамките на 18-то коло од Втората кошаркарска лига победничка серија ќе бараат на гостински терен во Скопје, против екипата на Работнички 2018 Натпреварот се игра со поч...
Фудбалерите на Охрид во рамки на 21-то коло од Втората македонска фудбалска лига утре ја пречекуваат екипата на Победа Прилеп Натпреварот се игра на стадионот „Билјанини Извори“ со почеток во 14 ча...
Денес се одигра третото коло од Пионерската лига Охрид 2025 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид и Сојуз на училишен спорт Охрид Се постигнаа следните резултати: Моментална табела после трето...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.