Македонската ракометна репрезентација сабајле во комплетен играчки состав отпатува во Швајцарија, каде против истоимената селекција ќе го одигра вториот натпревар во квалификациите за пласман на Европското првенство 2022 година.

Новите тестови на вирусот ковид -19 кај ракометари биле негативни, но еден позитивен исход имало во стручниот штаб. Лицето веднаш било тргнато од репрезентацијата и пренесено во самоизолација, со благи симптоми и лесна клиничка слика.

Селекторот Данило Брестовац поради вирусот ковид -19 се соочи со проблеми бидејќи поради позитивен исход на тестовите од комбинација отпаднаа ракометарите Мартин Поповски, Мартин Велковски и Марио Танкоски и три лица од стручниот штаб, помеѓу кои беше тренерот на Охрид, Раде Стојановиќ. За дуелот со швајцарците дополнително е повикан Милорад Кукоски од битолски Пелистер.

Македонија натпреварот со Швајцарија во втората рунда од квалификациите го игра утре (сабота) со почеток во 18:30 часот.

OhridNews