Губењето или кражба на паричник може да значи многу неволји, па за полесно справување со тоа стручњаците советуваат дека некои работи никогаш не се чуваат во паричникот.
1. Сметки
Брендон Кинг е основач на приватната служба за безбедност на домот, „Хоум секјурити хироус“ (Home Security Heroes). Тој вели дека не треба да се чуваат сметките в паричник бидејќи тие може да се користат за извлекување подробности за трансакциите, за банкарски сметки, па дури и за навиките за купување.
Вештиот измамник може да ги искористи Вашите сметки за да се јави во компанијата на вашата кредитна картичка и да добие повеќе податоци за сметката, вели Кинг.
2. Кредитни картички
Доколку се носи кредитна картичка в паричник, постои поголема опасност „да потрошите повеќе пари“ отколку што е планирано. Ако пак, таа оставне дома, корисникот полесно ќе ја следи потрошувачката, советуваат стручњаците.
3. Лозинки
Ова е веројатно очигледно и се подразбира за многумина, но сепак некои луѓе чуваат важни лозинки, ПИН-кодови на картички или за врати во паричникот.
Не правете го тоа. Не ја запишувајте лозинката ниту на хартија. Чувањето список со лозинки, ПИН-кодови или шифра за клуч во Вашиот паричник е голема опасност за (кражба на) идентитетот, што му олеснува на крадецот во кражбата, предупредува Кинг.
4. Клучеви
Иако изгледа прилично погодно да чувате клуч во паричникот, и тоа не е безбедна опција, особено затоа што во паричникот има и документи со Вашата адреса, што полесно води до Вашиот дом.
Ако ги загубите клучевите, мора да ги смените и бравите на вратите, па трошокот ќе биде многу поголем, вели Вејн Бехтол, виш даночен сметководител.
Освен тоа, доколку има повеќе картички, готовина и документи, паричникот вообичаено изгледа понадуен, па и „попривлечна мета“ за крадците.
OhridNews