Општина Охрид ќе потпише меморандум за соработка со Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ Скопје- Архитектонски факултет. На последната одржана седница, советниците ја прифатија информацијата за содржината на меморандумот.

Како што нагласуваат од локалната самоуправа, станува збор за прва соработка на општина Охрид со високообразовна институција. Целта е  стручни лица од факултетот да помагаат при изработката на определени урбанистички решенија, при  уредувањето  на одредени простори, при што би се организирале летни школи, форуми на стручни лица кои ќе работаат за потребите на општина Охрид.

OhridNews