Во понеделник на 16-ти март 2015 година во големата сала на општина Охрид со почеток во 12 ќе се организира стручна расправа за Измена и дополна на Генерален урбанистички план за град Охрид за дел од УЗ 2 – УБ 2.2, 2.4; УЗ 5 – УБ 5.2 и УБ 5.4; УЗ 9 – УБ 9.1 и УБ 9.3; УЗ 12 – УБ 12.2; УЗ 13 – УБ 13.2; УЗ 17 – УБ 17.1 општина Охрид, предлог план, плански период 2014-2024.
Просторот на планскиот опфат на Измена и дополна на Генерален урбанистички план за град Охрид е со површина од 215,41 хектари и е дефиниран во следните граници:
УЗ 2 – УБ 2.2, П=9.49 ха – Бул. „Македонски просветители“, ул.„ Партизанска“, ул. „ Димитар Влахов“ и ул. „ Јане Сандански“;
УЗ 2 – УБ 2.4, П=10.19 ха – Бул. „ АСНОМ“, „Кеј Маршал Тито“, ул.„ Партизанска“ и ул.„Јане Сандански“
УЗ 5 – УБ 5.2, П=10.21 ха – Бул. „Туристичка“, „Прв градски ринг“, ул. „Бистрица“ и ул. „И. Дудановски“
УЗ 5 – УБ 5.4, П=34.13 ха – ул. „Железничка“, ул. „Пирин Планина“, „Прв градски ринг“ и ул. „Бистрица“
УЗ – УБ 9.1, П=28.36 ха – ул. „Железничка“, ул. „Пирин Планина“, „Прв градски ринг“ и ул. „Абас Емин“
УЗ 9 – УБ 9.3, П=16.02 ха – ул. „Железничка“, ул. „7ми Ноември“, ул. „Егејска“ и ул. „Кленоец“
УЗ 12 – УБ 12.2, П=17.75 ха – ул. „Марко Цепенков“, ул. „Момчило Јорданоски“, ул. „Сирма Војвода“ и ул. „Болничка“
УЗ 13 – УБ 13.2, П=18.73 ха – ул. „Железничка“, ул. „Кленоец“, ул. „ Будва“ и ул. „Прилепска“
УЗ 17 – УБ 17.1, П=70.53 ха – пешачки коридор на Канал Студенчишта, Бул. „Св. Наум Охридски“, Канал на р. Рача и брегот на Охридското Езеро.
Заинтересираните лица и субјекти можат да достават забелешки по предлог планот во рок од десет дена од одржување на стручната расправа односно заклучно со 26-ти март 2015 година.
OhridNews