Во организација на Лекарското здружение на Охрид, деновиве во Охрид се одржа стручно предавање, на кое учество зедоа 140 лекари. Своите искуства од областа на неврологијата ги споделија докторите од болницата „Св. Еразмо“: д-р Миќун Мичуновиќ, д-р Маја Божиновска Смическа и д-р Ирена Скендервоска Митреска, а поддршка им беше проф. д-р Анита Арсовска од Универзитетската Клиика за неврологија.

Од 2009 год во специјалната болница „Св Еразмо“ работи кабинетот за неврофизиологија кој вклучува електромиографија, ЕМГ снимање на нервите и мускулите и електроенцефалографија, ЕЕГ, снимање на мозокот. Во овој кабинет до денес вкупно се снимени повеќе од 7000 пациенти.

Методата ЕМГ е воведена уште во 1980 год, и до денес болницата „Св Еразмо“ е единствен центар од јавното здравство надвор од Скопје каде се пружа ваква услуга во целата држава.

OhridNews