ФФМ започна со организацијата на Грас-рут камповите кои во наредните 4 недели ќе се одржат во Охрид и Дојран.

 
Во овој период учество ќе земат 163 натпреварувачки екипи со повеќе од 2000 дечиња и активно учество на 220 тренери.

Во рамките на Грас-рут камповите се вклучени и 50 девојчиња.

ФФМ за сите учесници обезбеди бесплатно сместување и целокупната програма ќе биде спроведена преку Грас-рут одделот и Едукативниот центар при ФФМ.

Преку овие кампови се очекува 10-15 тренери да се здобијат со Ц-е лиценца.

ohridnews