Организаторите на Австралија Опен подготвуваат строги мерки и протоколи, под кои ќе се одржи првиот грен слем турнир во Новата 2021 година. Учесниците на турниот во Мелбурн треба да пристигнат најкасно до 15 јануари, а потоа, задолжително да поминат двонеделен карантин. Од Австралија Опен најавија остри санкции за прекршителите, кои можат да се соочат со отстранување од турнирот, парична казна и апсење.
Наша примарна цел ни е да го осигураме здравјте на сите чинители, но секако, во фокусот ќе бидат тенисерите. Затоа сите мерки и протоколи се направени за нив. Во случај да не ги почитуваат, ќе бидеме многу остри и нема да попуштаме. – изјавија од Австралија Опен.
Во задолжителниот карантин, тенисерите ќе имаат „слободни“ пет часови да тренираат и да имаат состанок со еден член од стручниот штаб. Посети на тенисерите, публика и новинари на трибините се забранети.
Грен слем турнирот во Мелбурн ќе стартува на 8 февруари. Титулата во машка конкуренција ќе ја брани Новак Ѓоковиќ, а во женска Американката Софија Кенин.
OhridNews