Американецот Мајкл Ајрланд (35) добил и повеќе отколку што очекувал при посетата на стриптиз барот Чита – добил потпетица во главата. Ќе ја тужи стриптизетата и клубот во Флорида.


Бизнисменот ќе мора да оди на операција откако 28-годишната Сакина “Суки“ му го скршила носот и му направила огромна модринка на окото. Неговиот адвокат тврди дека има и трајно оштетување на видот. Ајрланд вели дека добил удар “нагло и без никакво предупредување“. Одлучил да го тужи клубот откако осигурувањето одбило да го исплати.