Еден стриптиз клуб во Градот на гревовите, Лас Вегас, поставил реклама со која ги повикува девојките кои штотуку се запишале на факултет да се пријават за работа. На тој начин го промовираат овој еротски танц како начин да заработат пари за трошоците за студирањето.

 

Како што пренесуваат агенциите, менаџерот на клубот „Little Darling“ Рик Марзуло рекол дека рекламите „Примаме пријави за запишување академски 2015“ и „Платете го факултетот со стриптиз“ се во духот на имиџот на Лас Вегас. Тој објаснува дека во тешката економска ситуација која владее денес, клубот им нуди на девојките постари од 18 години прилика добро да заработат, додавајќи дека неговите забавувачки примаат и по 1000 долари за една ноќ.