Животната приказна на поп звездата Мадона ќе биде преточена во стрип кој во продавниците ќе се појави ова лето. Стрипот ќе има 32 страници и на продажба ќе се најде од август. Џејсон Шулс од издавачката куќа која ќе го објави стрипот изјавил дека нивна цел е да ги прикажат малку познатите настани после кои Мадона станала феномен, што е и ден денес, повеќе од 25 години откако за прв пат се појавила на сцената.


Стрипот го напишал Си Кук, а ќе го илустрира Мајкл Џонсон. Кук навел дека повеќето поп звезди и должат на оваа жена и додал дека е неверојатно што се успеала да направи во својот живот. Издавачката куќа планира стрипови и за Мaргарет Tачер, Мишел Обама и Сара Пејлин. Мадона идниот месец ќе почне да работи на својот дванаесетти студиски албум.