Ендрју Зонберг и Клаудија Фухлфурст дошле на неверојатна идеја да го направат најмалиот стрип на светот. „Juara Nits: Planet”, е името на овој стрип, кој може да се прочита само со помош на микроскоп. Имено, овој стрип е нацртан на влакно од човечка коса, па секое влакно содржи приказна за себе, а ги има вкупно 25.
Приказната е поставена во 12 фрејмови, и покажува девојка која се обидува да направи музика од разни реквизити. Овој проект го замислила Клаудија Фухлфурст, додека самиот стрип го оживеал Ендрју Зонберг со помош на FEI Versa 3D машина, и исклучително мирни раце.