Центар за култура „Григор Прличев“

Од 24.10.2018 - 19:00 до 24.10.2018 - 20:00

Во рамки на кампањата за развој на стрип културата во Република Македонија, денеска, 24 октомври, со почеток во 19 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе биде отворена стрип изложба.

Ќе бидат изложени наградени стрипови од последниот Интернационален стрип салон во Велес, како и стрип дела на македонски стрип автори од нивниот повеќегодишен опус, како и избрани стрипови од стрип автори од Охрид

Исто така, ќе бидат промовирани изданијата на Стрип центарот на Македонија (стрип книги и списанијата „Креатор“ и „Стрип Алманах“.)

Настанот е финансиски поддржан од Министерството за култура на Р.Македонија преку програмата „Нов културен бран“.

OhridNews