Познатиот македонски бенд „Стринг Форсис“ вечерва во кафе-паб „Кастело ќе го промовираат својот последен албум “Reduction Ad Abusrdum”.
Стринг Форсис е еден од најспецифичните македонски бендови кои се појавија во изминативе десет години на македонската современа музичка сцена.  Познати се по својот иновативен и еклектичен стил, како за музичката така и за нивната видео работа. До сега  имаат извадено четири студиски албуми: Reductio Ad Absurdum (2009), Silky Way (2006), Izohronia (2002) и Стринг Форсис (1999); како и музика за ТВ филмот Zavedeni (2002), и бројни настапи во живо низ Македонија и Балканот.


“Стринг Форсис“

Формирани се  во 1995 година во Скопје, со идеја да создадат музика која нема да биде обврзана со постојната стилска класификација, ниту според музиката ниту кон инструментите кои се користат. И бидејќи јадрото на бендот беа сите гудачки инструменти (виола, гитара, бас) бендот е именуван Стринг Форсис. Останатиот дел од историјата може грубо да се подели во три периоди, повеќе или помалку поврзани со работата на студиските албуми.

Во првиот период на формирање на групата, во потрага по својот музички израз, бендот го составуваат: Алфрида Тозиева (виола), Дориан Јовановиќ (бас),  Сашо Трендафилов (гитара), Влатко Икономов (тапани) со Јелена Брајовиќ (вокал) и Елена Мановска (помошен вокал). Исто така, во текот на овој период бендот ќе успее да го опреми своето студио, каде што ќе започне снимањето на нивниот прв албум на почетокот на 1998 година. Албумот официјално беше објавен во февруари 1999 година, преку новоформираната издавачка куќа Profundus. Од средината на 2000 година, бендот ќе продолжи да работи со оваа постава, настапувајќе на бројни настапи низ Македонија.

“Каде бегаш”(април 2001) е сингл преку  кој се објави новиот албум на бендот работан со новата постава. Синглот е помогнат со видео спот и како резултат и на истиот  албумот стекна огромна популарност. Следи нов сингл во октомври 2001 година, “Kелари шарени” а со тоа и нов албум. “Изохронија” беше официјално издаден во февруари 2002 година. По него се зголемуваат бројот на настапи надвор од Македонија, а исто така бендот беше поканет да компонира музика за ТВ филмот “Заведени” (Seduced). Во овој период постава на бендот се: Александра Мангаровска-Милиќевиќ (вокал и флејта), Александар Стојанов (вокал и гитара), Алфрида Tозиева (виола), Дориан Јовановиќ (бас, стик и електронски инструменти) и Благојче Пенов ( тапани). А бендот веќе
рабоеше на нивниот нов материјал и албум, кој го означува почетокот на еден нов период за нив. Насоката беше да нуркаат подлабоко во она што “Изохронија” само го допре, со повеќе  истражувања на традиционалната музика.
Станува збор за чалгиската музика, традиционална музичка форма со урбан ансамбл во Македонија и регионот, на крајот од 17 до средината на 20 век. Ова бараше многу истражувања особено во претставата, инструментите, стиховите, музичката форма и ритми, што беше можност за групата да почне соработка со оркестарот Пеце Атанасовски на посебен проект наречен “Калдрма”.

Како резултат на оваа соработка, објавен е  албум во 2004 година под наслов “Калдрма – Чалгија музика”, кој е снимен во јануари 2004 година. Во овој период уште еден бран на персоналните промени ќе се случи, и ова ќе ја одложи работата на новиот албум до крајот на 2005 година, до финалниот производ во јуни 2006 година под насловен “Свилен Пат”. Овој албум го отвори патот
кон Светската музичка сцена во преку настап на фестивалот Exit во Нови Сад, Србија во 2006 година.

Почетокот на 2007 година повторно ќе донесе нови насоки за бендот кој сега почнува да работи на новиот материјал. Покрај ТВ продукција за Unplugged перформанс за Македонската телевизија и два други настапи во Скопје и Битола, Стринг Форсис ќе бидат во голема мера неактивни на сцената во 2007 година. Овој период го користат со нов пристап кон креативниот процес и разработка на новиот материјал. Со некои промени во персоналот, албумот е конечно снимен во текот на август и ноември 2009 година, и официјално промовиран како “Reduction Ad Abusrdum”  на 27 ноември, 2009.

Стринг Форсис се сега квартет (Александра Мангаровска-Милиќевиќ – вокал, флејта, металофон; Дориан Јовановиќ – стик, електроника, Александра Кузман – виолина; Лазар Дарковски – тапани), иако Паскал Краповски (виолончело) и Александар Стојанов учествуваа во создавањето и во снимањето.

Охриѓани, по покана на Gabba Gabba Оhrid ќе ја имаат честа да ги слушнат и видат тринг Форсис вечерва во кафе и паб „Кастело“со почеток од 22:30.

OhridNews