Можете да се трудите колку сакате, тврдат научниците, но стриите сепак ќе се појават ако ви е така запишано во гените.
Стриите, покрај целулитот, се појава која жените највеќе ги фрустрира на нивното тело, а козметичката индустрија заработува вистинско богатство на креми против стрии. Но, истражување покажало дека парите, всушност, залудно се фрлаат, бидејќи најголемиот виновник за стриите е генетиката.
Во текот на истражувањето испитан е ДНК на речиси 34 илјади луѓе, а речиси пет илјади примероци дале мајки со големи пост-породилни стрии, и резултатите несомнено покажале дека улогата на гените во настанувањето на стриите е клучна.
Имено, мутациите на некои специфични гени го зголемуваат ризикот од појава на стрии за огромни 40%, а се работи за генот ELN, кој го нарекуваме еластин, одговорен за главната компонента на еластичните влакна кои им помагаат на ткивата природно да се растегнат и стегнат.
Целта на научниците е да ги продолжат истражувањата за да ги сфатат начините на кои може да се поттикне зголемено производство на еластин, што би требало да го спречи настанувањето на стриите.
извор:metro-portal.hr