Селекцијата на Франција иако важеше за голем фаворит на мечот со Македонија, “триколорите“ на многу лесен начин забележа убедлива победа 29-16 и ги прокнижија првите бодови во групата.

– Франција сосема заслужено не совлада на стартот од првенството. Одигравме солидно прво полувреме, наспроти катастрофалното второ. Проблемот го лоциравме во нападот бидејќи не можевме да шутнеме кон голот на Франција. Имаме два дена до мечот со Шведска и се надевам дека ќе поправиме доста работи за тој дуел – истакна селекторот на Македонија, Гино Стрезовски.

 
Свое видување за мечот со Франција даде и најдобрата македонска ракометарка Јулија Николиќ, која нема цели шест месеци официјален натпревар со селекцијата.

– Тежок во меч во секоја смисла на зборот. Баравме но немежовме да најдеме начин да им ја пробиеме одбраната на французинките. На наредните натпревари мислам дека ќе функционираме подобро и ќе ја забележиме таа вредна победа за пласман во наредната фаза – потенцираше Николиќ, која постигна шест погодоци.

Мх.П.