Македонската ракометна експедиција стартот на подготовките за ЕП во Србија ги започна во Охрид. Селекторот на “црвено жолтите“ Гино Стрезоски истакна дека е презадоволен од условите во Охрид, а в четрток и петок Македонија ќе одигра два контролни меча со олимпискиот вицепрвак Црна Гора.

– Во овој период Охрид е најубав за подготовки, многу е мирно, времето е прекрасно, условите за работа се феноменални затоа и го одбравме да ги одработиме првите подготовки тука. Во периодов кој следува не очекува макотрпна работа, сакам квалитетот на ракометарките да го подигнеме на повисоко ниво. Повеќе ќе обрнеме внимание на одбраната која мора да е тешка за пробивање.  Не очекуваат два пријателски натпревари с о Црна Гора в четврток и петок очекувам полна сала како што му доликува на Охрид. Потоа подготовките ги продолжуваме на средината од  ноември кога  во Киев, Украина ќе одиграме турнир и со пет контролни мечеви мислам дека ќе имаме појасна слика за составот и патниците на ЕП во Србија – посочи селекторот Стрезоски.

По завршувањето на квалификациите Македонија остана без “срцето на екипата“ Јулија Портјанко сега Николиќ.

– Сега засега остануваме без Јулија. Ние ќе направиме напори да се врати во репрезентацијата, таа ние е срцето на екипата. Николиќ или попозната како Портјанко е пријавена во поширокиот список за ЕП во Србија така само на неа останува – рече Стрезоски.

Капитенот и голманот на селекцијата Тања Андреева во групата ја смета Франција за фаворит додека шансата ја гледа во преостанатите мечеви.

Групата е исклучително е тешка, Франција без никакви дилеми е фаворит но ние не се сметаме за аутсајдери и со една победа во преостанатите два меча ќе не одведе во наредната фаза. Ја победивме Франција на домашен терен, но сепак тие се огромни фаворити и нема да дозволат никакво изненадување.  Како капитен сакам да испратам уште еден апел до Јулија да се врати и да ни помогне да се претставиме во уште подобро светло бидејќи нејзините ракометни квалитети му се потребни на македонската репрезентација – потенцираше Андреева на првиот тренинг на селекцијата.

Ракометарката на Металург, Мирјета Бајрамовска е оптимиста пред дуелите со Црна Гора кои се играат в четрток во 19 часот и петок во 12 часот.

– Не очекува добра и пеколна недела во Охрид. Ќе одиграме две контролни средби со вицепрвакот од Олимписките игри, Црна Гора. Во Охрид имаме доста период да се спремиме тактички, физички и полека репрезентацијата да влезе во оној посакуван ритам – рече левиот бек на Металург, Мирјета Бајрамовска.

Женската ракометна репрезентација натпреварите со Црна Гора ќе ги одигра во спортската сала “Атина Бојаџи“ со почеток во 19 часот в четрток односно во 12 часот в петок.

Мх.П.