заминуваат на Европското првенство, чиј домаќин од 4 до 16 декември ќе
биде Србија, а во ниш, Македонија ќе се натпреварува во Б групата заедно
со селекциите на Франција, Данска и Шведска.
„Моите очекувања и очекувањата на целата репрезентација се оптимистички.
Секогаш ние даваме оптимистички изјави и очекуваме победи. Не ветуваме
три победи, нормално. Првиот натпревар ни е против Франција, која е
тежок противник. Ќе гледаме да почнеме со победа, но и ако не се случи
тоа, нема да се откажеме. Нашите шанси реално ги гледаме против Данска и
Шведска“, рече на прес-конференција капитенот на екипата
Тања Андрејева.
Селекторот Гино Стрезовски вели дека е свесен оти во Ниш ги чекаат три исклучително тешки натпревари.
„Сите три репрезентации се олимписки, светски и европски шампиони. Ги
анализиравме нивните игри, но верувам дека најмногу треба да ја
анализираме својата игра. Ние да се поправиме, ние да си ја подигнеме
формата, кој и да е противник можеме да му се спротивставиме“, истакна
Стрезовски.
За првиот натпревар со Франција печатот веќе ја отпиша Македонија, но Стрезовски најавува влез на терен со желба за победа.
„Во ниеден натпревар со овие девојки не сме влегле да го изгубиме, за
калкулација. Ние не можеме тоа да го направиме. Малку не има и мора да
ја искористиме целата снага што ја имаме. Така што на сите три
натпревари ќе влеземе максимално одговорни и подготвени. Самото по себе,
пласманот на Европското првенство на репрезентацијата на Македонија е
огромен успех. Да се биде во кремот на 16 репрезентации во Европа е
огромен успех на овие девојки и оваа репрезентација“, додаде Стрезовски.
„Сите сме желни да се пласираме во второто коло. Да ветиме пласман во
второто коло уште овој момент не можеме, но ќе изиграме најсериозно,
најодговорно и како велиме популарно ќе го оставиме срцето на терен“,
рече селекторот.
Сигурен е дека може да ги одиграат сите натпревари максимално подготвени иако се игра преку еден ден.
На прашањето дали има место да се калкулира со некој натпревар, да се
одморат одредени ракометарки, тој вели дека ниту можат, ниту сакаат да
калкулираат.
„Објективно немаме толку можности да калкулираме за да некаде настапиме
лесно и да си речеме, ете, овој натпревар ќе го изгубиме. Искрено,
нашата најголема шанса се Шведска и Данска, меѓутоа, зошто не и
Франција, ако можеме да ја победиме во Скопје, со публика со полн ефект,
можеме да го направиме тоа и во Ниш, што може да се каже е наш терен.
Во ни еден натпревар нема да влеземе со калкулации“, рече Стрезовски.
Недостатоците кои ги забележал в периодот на подготовки се надева дека
во поголем дел се коригирани, а дека оние што остануваат ќе се
искорегираат во следните денови.
„Големиот проблем со воигрувањето на екипата веќе се намалува, ја
подобруваме и ја подигаме формата, тоа се гледа на тренинзите. На
утринскиот тренинг видов дека веќе почнавме да функционираме онака како
што девојките и стручниот тим посакуваме“, заврши Стрезовски.
Според информациите на Македонската ракометна федерација, најмалку 2.000
Македонци ќе ги бодрат девојките на натпреварите од Европското
првенство во Ниш, а најголем интерес постоел за натпреварот во сабота
против Данска.
Распоред на натпревари:
04.12.2012 ФРАНЦИЈА – МАКЕДОНИЈА во 18.15 часот
06.12.2012 МАКЕДОНИЈА – ШВЕДСКА во 18.15 часот
08.12.2012 ДАНСКА – МАКЕДОНИЈА во 20.15 часо.