Стресот бил поврзан со 59% поголем ризик за мини мозочен удар предизвикан од привремена блокада на проток на крв во мозокот.

Стресот и депресијата можат да го зголемат ризикот за мозочен удар, покажало истражување спроведено на Универзитетот Минесота.

Според податоците објавени во стручното списание Stroke, присутноста на депресија била поврзана со дури 86% поголем ризик за таканаречен мини мозочен удар (транзиторен исхемичен напад).

 

 

Стресот бил поврзан со 59% поголем ризик за овој мини мозочен удар предизвикан од привремена блокада на проток на крв кон мозокот.

Во истражувањето се користени податоци собрани од речиси 7000 испитаници на возраст од 45 до 84 години.

Учесниците се следени просечно 8 и пол години, а негативното влијание на стресот и депресијата било присутно без оглед на факторите возраст, етничко потекло, пол или животните навики.

извор:metro-portal.hr