Стресот може да биде заразен, а полесно се пренесува во случаите кога е под стрес наша сакана личност, отколку некој странец.
Стресот е често споменуван во денешно време, а германски научници утврдиле дека постои таканаречен емпатичен стрес кој настанува кога набљудуваме некој кој се наоѓа во стресна ситуација. Нашето тело во тие моменти почнува да го лачи хормонот на стрес кортизол, и всушност испаѓа дека стресот е заразен.
Тим научници,кој го предводи Тања Сингер, од институтот Макс Планк во Лајпциг, подвргнале група луѓе на стресни ситуации, како комплицирани аритметички операции или разговор за работа.
Тестираните луѓе ги гледале набљудувачи, било да се тоа нивните партнери или странци од спротивен пол. Вкупно 26% од набљудувачите покажале значително зголемување на кортизолот. Меѓу партнерите, стресот бил заразен за од нив 40%, меѓу странците за 10%.
“Тоа значи дека дури и телевизиските програми кои прикажуваат луѓе кои патат можат да ни го пренесат нивниот стрес“, истакнува Вероника Енгерт, една од научниците.
извор: metro-portal.hr