Охридските стрелци Нина Балабан и Михаил Шишкоски ја заокружија годината со уште еден триумф. На последното коло од Купот на Македонија за 2012 година, во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма, тие ги предводеа cтрелците од Стрелачкиот клуб “Охрид“ освојувајќи две први, едно второ и две трети места во дисциплината воздушна пушка.
Михаил Шишкоски со 564 круга се пласираше на првото, Горан Здравески со 543 круга го завзеде второто место. Дебитантот на натпреварување со меѓународна програма Кирил Миленкоски со 540 круга се пласираше на третата позиција.
Во женска конкуренција доминираше Нина Балабан со испукани 377 кругови. Верица Гоџоска со 371 круг се пласираше на третото место.
Јуниорите Иво Достиноски, Мартин Гоџоски и Филип Војданоски се пласираа на седмото, осмото и десеттото место, додека кај јуниорките Ирена Попоска, Ангела Алексовска и Мартина Николоска на петтото, седмото и осмото место.
Охриѓани очекуваат висок пласман во финалното бодирање и рангирање каде секој се бодира според категоријата во која се натпреварувар.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com