Со одржувањето на одложениот куп натпревар во гаѓање со воздушно оружје меѓународна програма заврши овогодинешната сезона.
Нина Балабан се пласираше на второто место со погодуени 377 кругови, засотанувајќи само пет кругазад првопласираната натперварувачка. Постигнатите резултати се повеќе од задоволувачки ако се има во предвид што Балабан во оваа дисциплина се натпреварува неполни три месеци.
Емилија Нестороска се пласираше на четврото,а Гоџоска Верица на петтото место.
Во машка конкуренција Михаил Шишкоски се пласира на третото место со 547 кругови, Цветкоски Гоце заврши на петтото, а Здравески Горан на шестото место.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com