Стрелецот на најубавиот погодок на Мундијалот во Русија кој се одржа минатата година Бенџамин Павард ќе го засили германскиот гигант Баерн Минхен.
Францускиот репрезентативец кој игра на десната бековска позиција на „баварците“ ќе им се приклучи во јули. 22-годишниот фудбалер со актуелниот шампион во Бундес лигата потпиша петгодишен договор.
- Многу ние мило и драго што успеавме да ангажираме фудбалер каков што е Павард. Долго време го следевме и неговото доаѓање ќе биде од големо значење за нашата екипа. – изјави спортскиот директор во Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ.
Многу веројатно клубот во летниот преоден рок ќе го напушти Хави Мартинез кој ќе се пресели во Атлетик Билбао, а се шпекурали и заминување на Френк Рибери.
OhridNews