Вкупно 23 погодоци постигнаа стрелците на петте натпревари во втората рунда од Општинската фудбалска лига во Охрид.
Најефикасен натпревар со седум погодоци одиграа Злести – Славеј. На победа со 6-1 се радуваа гостите. Воска Спорт во братската пресметка со Воска 2002 славеше со 5-0 а победи во втората рунда забележаа уште Лакочереј кој со 3-1 славеше против Вулкан и Рудар кој со 3-0 подобар беше од Св. Петар.
Резултати: Лакочереј – Вулкан 3-1, Злести – Славеј 1-6, Рудар – Св. Петар 3-0, Велмеј – Вапила 2-2, Воска Спорт – Воска 2002 5-0
Табела: Рудар 6, Вапила 4, Воска 2002 3, Славеј 3, Воска Спорт 3, , Лакочереј 3, Велмеј 1, Вулкан 0, Св. Петар 0, Злести 0
OhridNews