Финишираат натпреварите за оваа натпреварувачка сезона во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма. Стрелците од двата oхридски стрелачки клуба, ЖСК „Лихнидос” и СК „Охрид” зедоа учество на двата меѓународни турнири во Загреб и Белград, како и IV – от Kуп – меѓународна програма во организација на МССФ.

На натпреварот во Зaгреб учество зедоа Јована Милевска и Бојан Спасеновски, кои во дисциплина воздушна пушка- јуниори/ки, се пласираа на половината од табелата со резултат од 607,7 и 601,3 круга. Овие резултати им се признаваат и бодираат за IVот Kуп каде Јована Милевска е третопласирана, а Бојан Спасеновски е второпласиран.

Во Белград на Grand Prix и Belgrade Trophy, учество зедоа Ванчо Каранфилов во дисциплина воздушен пиштол сениори и Бојан Спасеновки во дисциплина воздушна пушка јуниори. Бојан Спасеновски настапи и двата натреварувачки дена, при што, првиот ден со резултат од 598 круга се пласира на 58-мо место, односно 34-ти во конкуренција на јуниори од вкупно 41 натпреварувачи. Вториот ден со резлтат од 611,2 кругови се пласира на 42-ро место од 62-ца натпреварувачи од севкупен пласман мажи. Ванчо Каранфилов кој зеде учество само на првиот натпреварувачки ден, со 532 круга се пласира на 52-ро место од вкупно 63-ца натпреварувачи.

На IVот куп што се одржа во Битола на 03.12.2022, покрај Јована Милевска која се пласира на 3-тата позиција со резултат од 607,7 круга, младите јуниорки Ана Танеска од Лихндос, со резултат од 560,9 се пласираа на 12-тата позиција, Драгана Локоска на 13-тата, Сара Цикуш на 15-тата, Теодора Спироска на 17-тата, Верица Здравеска на 18-тата и Ема Петрова на 19-тата позиција.

Во дисциплина воздушен пиштол мажи, Ванчо Каранфилов, се пласира на Вицешампионската позиција со резултат од 536 круга, додека Велибор Балоски со резултат од 507 круга се пласира на 5-тата позиција мажи, односно, 8-ма позиција во севкупен пласман.

Младиот Климент Мостро, од ЖСК „Лихнидос“ е првопласиран во јуниорска категорија со резултат од 532 круга, односно третопласиран во севкупен пласман мажи. Иван Милевски од СК „Охрид“ е 5-то пласиран во јуниорска категорија, односно 9-то пласиран во севкупен пласман мажи. Свој прв настап имаше и Крсте Петрески кој се пласира на 8-та односно 13-тата позиција.

Во јуниорска категорија на пиштол кај девојките, Стефанија Вељјаноска од СК „Охрид“ ја зазеде вицешампионската позиција, одосно 4-тата во севкупен пласман жени. Наталија Савеска, Стефанија Савеска, Теодора Сајкоска, Елена Јанеска, се пласираа од 8-та до 11-та позиција во севкупен пласман.

До крајот на оваа натпреварувачка сезона за стрелците од охридските клубови остануваат уште еден интернационален натпревар во Пловдив, како и последниот 5-ти Куп на МССФ.

OhridNews