Охридската стрелачка Јована Милевска е новиот државен јуниорски првак во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма. Таа на Државното првенство што изминатиов викенд се одржа во Битола беше најуспешна со резултат од 609.1 кругови, оставајќи ја зад себе второпласираната за цели 16 кругови.
Добрата вест е што со задоцнување Јована е пријавена и сепак ќе настапи на Европското првенство во Осијек, што треба да се одржи од 16-25.03.2019 год. Во категорија на јунорки Марија Ваѓеловска се пласираше на петтата позиција со резултат од 557,7 кругови. На шестата позиција во истата категорија се пласираше Ива Маленко со резултат од 548,2 круга.
Кај сениорките изостана пласман на првите три позиции. Јана Маркоска со резултат од 598,9 се пласира на четвртата позиција, додека Мартина Петровска со резултат од 594,6 заврши како петтопласирана.
Кај јуниорите, Кристијан Џепароски се пласира на шестата позиција со резултат од 547.4 кругови.
OhridNews