Членот на Стрелачкиот клуб, Охрид, Нина Балабан е избрана за најдобар спортист за годината што измина во град Охрид.

За Балабан, минатата беше повеќе од успешна година откако ја освои титулата Државен првак на Македонија и соборувајќи го сопствениот рекорд во неколку наврати.

Покрај тоа Балабан беше дел од Македонската експедиција на медитеранските игри во Мерсин, Турција, a 2014 година ќе ја преставува нашата држава на Европското првенство во Москва, Русија.

Второто место во изборот за најдобар спортист и припадна на тенисерката Тања Стојановска додека третото место го зазеде боксерот Бојан Ристески.

Сите наградени во изборот за 2013 година :

Најдобар спортист :

1. Нина Балабан (стрелаштво)
2. Тања Стојановска (тенис)
3. Бојан Ристески (бокс)

Најперспективен млад спортист : Јован Јованоски (велосипедизам), Христијан Кузманоски (кошарка), Анастазија Паскали (веслање), Филип Стојановски (фудбал), Александар Ѓоргиески (фудбал), Мартин Гоџоски (стрелаштво), Ане Спироски (кајак), Новица Велјаноски (велосипедизам), Бојан Танески (риболов), Мартина Петреска (карате).

Најдобар тренер : Валентина Гоџоска (стрелаштво)

Спортски работник : Цветко Попоски (стрелаштво)

Најуспешен тренер со млади спортисти : Агрон „Гони“ Мерко (фудбал)

Посебни заслуги и презентација на пливачките спортови со меѓународни резултати : Александар Маленко

Најуспешен клуб : Стрелачкиот клуб Охрид и Женскиот фудбалски клуб Билјанини Извори

Животно дело : Ристе Савин и Кире Заров

Најдобар спортски настан : Едриличарска федерација на Македонија

Церомонијата за прогласување на најдобрите ќе биде во хотелот Ројал в петок на седми февруари со почеток во 20 часот.

Мх.П.