35 –годишен неидентификуван маж, најверојатно Полјак, влетал во Зизи, лондонски ресторан, влегол в кујна, зграбил нож и почнал да мавта со него. Потоа скокнал на маса, ги спуштил панталоните и на општ шок – си го исекол пенисот. Многумина избегале од ресторанот врискајќи.
Ресторанот во кој се случил стравичниот настан
„Не можев да верувам. Насекаде испрска крв. Сите, и гостите и послугата беа во шок!“ рекло едно момче кое било на вечера. Полицијата веднаш дошла на местотот на „злосторот“, но не го привеле човекот туку веднаш го однеле в болница.
Неговата исечена машкост, полицајците ја пронашле на подот, ја ставиле во мраз и докторите ќе пробаат да му ја зашијат на несреќникот. Во болницата е ставен под психијатриски надзор.
(v.l.)