Репрезентативецот на Швајцарија, Џердан Шаќири ќе го пропушти гостувањето на Ливерпул во Белград и дуелот со Црвена Ѕвезда во рамките од 4-та рунда рунда во фазата по групи во Лигата на Шампиони.
Германскиот стручњак Јирвен Клоп го изостави од составот Шаќири кој на изминатото Светско првенство во фудбал победничкиот погодок за Швајцарија против Србија го прослави со „летање на орел“ со рацете. Клоп ја смири топката и пред заминувањето за Белград изјавувајќи дека во неговите мисли е само фудбал.
- Ситуацијата е таква и одиме во преубавиот Белград како фудбалски клуб и да играме фудбал. Слушнавме многу голем број околу Шаќири иако никој од клубот се немаше огласен точно. Ние сме Ливерпул, голем и професионален клуб и како таков мораме да се фокусираме само на фудбал, а политички цели и работи воопшто не ме интересираат. – изјави Клоп.
Мечот во Белград ќе се одигра утре (вторник) со почеток во 18 часот и 55 минути. Англискиот премиерлигаш со две победи и еден пораз лидер е во групата во која се наоѓаат уште ПСЖ и Наполи, додека „црвени белите“ со еден бод се последни на табелата.
OhridNews